Граничните премини кон Грција од изутринава повторно се блокирани поради штрајк на грчките царински служби.
Граничните премини кон Грција од изутринава повторно се блокирани поради штрајк на грчките царински служби. Штрајкот ќе трае до петок во шест часот.
Македонското МВР апелира граѓаните кои планираат да заминат за Грција во посочениот период патувањето да го одложат или поместат за друг ден.
Ова е втор протест на грчките цариници од почетокот на месецов. Граничните премини два дена беа затворени и на 4 и на 5 февруари.
Причината за штрајкот е најавеното намалување на нивните плати.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град