Граѓаните оставени без лични карти најавуваат протести

Пописот и изборите ќе бидат најкритични за 40-те илјади граѓани кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име додека во Собранието се блокирани измените на Законот за лични карти.

 |   | 

Пописот и изборите ќе бидат најкритични за 40-те илјади граѓани кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име додека во Собранието се блокирани измените на Законот за лични карти.

На овие граѓани им се закнува можноста дури и да бидат избришани од Избирачкиот список, предупредува Народниот правобранител. Зибери се сомнева дека предлогот на избори да се оди со истечени документи може законски да се изведе.

Граѓаните проблем ќе имаат и кога ќе имаат работа пред нотар, извршител, суд , јавен обвинител, други државни инстутции кој според Зибери нема да може да биде надминат со потврдите што ги издава МВР дека е почната постапка за вадење на лична карта, како што тоа се реши кај банките.

Омбудсманот досега во два наврати се обратил до Владата, МВР и до Народната банка. Ако треба ќе бара и ревизија во нивната работа, а ќе ги нотира и во својот извештај кој пак, е битен за Европката унија. Зибери бара и одговорни пратеници за да се донесат измените.

Од владејачката СДСМ пак, велат проблемот пред изборите ќе биде надминат и покрај деструктивната опозиција.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека блокадата на законските измени им е само алиби. Неприфатливо е попис и избори да се спроведуваат со потврди на МВР.

Граѓаните пак, се почесто јавно реагираат. Најавуваат и протест за во понеделник пред управните служби каде се издаваат лични документи.

 

 

Извор Сител ТВ

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top