Како што информираат од EVN Македонија, од почетокот на акцијата склучени се над 4.500 спогодби, при што 70 отсто од договорите склучени се во Скопје.
Поголем интерес за расчистување со тужените долгови има кај домаќинствата, додека кај правните лица интересот е нешто помал, велат од EVN Македонија.
Според компанијата, расте и бројот на склучени спогодби со оние граѓани кои на почетокот се чуделе од каде се долговите кои им се прикажани на сметките за струја.
Новиот наплатен систем има можност да ги прикаже сите долгови па така и тужените долговите кои ЕВН ги наследило од старото Електростопанство, за што има обврска да ги наплати за сметка на државните Електрани на Македонија.
Двете компании се откажаа од каматата со цел граѓаните да имаат што подобра можност да ги платат тужените долгови.
Можноста за склучување на спогодбите трае до 31 Декември 2010 година, а во зависност од висината на долгот, домаќинствата може истиот да го платат на 12 рати без камата, додека компаниите, тужениот долг може да го исплатат на 6 рати без камата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град