Голем број македонци на „печалба“ во Сирија

Станува збор за лица од муслиманска вероисповед и припадници на албанската заедница, а најголем дел од нив биле ветерани од воените конфликти на Косово и во Македонија.

sirijci
сиријци

Станува збор за лица од муслиманска вероисповед и припадници на албанската заедница, а најголем дел од нив биле ветерани од воените конфликти на Косово и во Македонија. Според изворите, месечната плата која тие ја земаат за да учествуваат во борбите се движела од три до пет илјади евра.

sirijciИнаку, минатата недела во Сирија беше убиен дваесет и деветгодишен гостиварец. Станува збор за Расим Н. од гостиварското село Беловиште кој загинал во судирите со силите на Асад. Расим бил припадник на групата „Јабха ел  Нусрах“, која важи за милитантна муџахединска група блиска до Ал Каеда. Убиениот гостиварец подолго време бил отсутен од Македонија. Живеел и работел во Австрија од каде заминал во Сирија за да се бори на страната на бунтовниците.

Состојбата е слична и во соседните и државите. Безбедносните служби од земјите во регионот располагаат со податоци дека се зголемува бројот на лица од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и од Македонија кои одат да се борат во Сирија како платеници на страната на бунтовниците против силите на актуелниот претседател Башад ел Асад.

Весникот Правда од Република Српска, повикувајќи се на разузнувачки информации, тврди дека во моментов во Сирија се борат околу триесетина државјани на Србија, муслимани од областа Санџак. Весникот јавува за двајца загинати бошњаци од Санџак и тоа Елдар Кундаковиќ од Нови Пазар и Адис Салиховиќ од Рожајац. И двајцата се бореле како платеници на страната на бунтовницте, а загинале ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти мај при напад на затвор кој бил под контрола на владините сили на Асад.

Според информациите на Правда, од Албанија, Македонија, Србија, Босна, Косово и од Македонија во Сирија на печалба биле заминати повеќе од 300 лица. Најголем дел од нив во оваа земја пристигнале како членови на невладини и хуманитарни организации, за потоа веднаш да станат дел од борбените единици на бунтовниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top