Гевгеличани на вчерашниот референдум со убедливо мнозинство од 97 проценти гласаа „против“ отворање на рудници за ископ на минерални суровини на територија на општината.
Гевгеличани на вчерашниот референдум со убедливо мнозинство од 97 проценти гласаа „против“ отворање на рудници за ископ на минерални суровини на територија на општината.
Според првичните информации „за “ гласале 154 жители на Гевгелија додека „против“гласале 13 097 гласачи. Од општинската изборна комисија наведоа дека сега течат роковите за жалби.
Со тоа што над 13 илјади гевгеличани или околу 70 отсто од запишаните 19 459 во Избирачкиот список денеска излегоа на гласање, исполнет е законскиот праг од над 50% излезност, што значи дека референдумот е успешен. Иницијаторите за референдумот од здружението „Спас за нас“ се задоволни од излезноста на граѓаните и сметаат дека гевгеличани избрале живот и чиста животна средина место рударски комплекси.
Mониторинг тимот на „ЦИВИЛ“ регистрираше повеќе помали нерегуларности во целиот процес, меѓу кои неинформираност на гласачи, неколку случаи на групно гласање и проблеми со избирачкиот список.
Референдумот во Гевгелија го иницираа од граганското здружение „Спас за Гевгелија“, откако канадски компании вршеа детални геолошки истражувања за рудно богатство на планината Кожуф.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град