Германската радиотелевизија не смее да објавува информации за „Еколог“

Германската радиотелевизија НДР повеќе не смее да објавува информации со кои ќе „буди сомнеж“ дека фирмата „Еколог“ врши трговија со дрога, вака одлучи судот во Хамбург.

 |  Маја Савиќ  | 
Ecolog
еколог

EcologГерманската радиотелевизија НДР повеќе не смее да објавува информации со кои ќе „буди сомнеж“ дека фирмата „Еколог“ врши трговија со дрога, вака одлучи судот во Хамбург.

Според одлуката, НДР не смее веќе да објавува информации за „Еколог“ кои сугерират дека фирмата „врши трговија со дрога“ или дека „зад неа се кријат членови на еден клан, кои се поврзани со организиран криминал“, пренесува Дојче Веле.

Во соопштение до медиумите, „Еколог“ ги оцени наводите во извештајот на НДР како „обвинувања без основа“. НДР објави дека фирмата веројатно ги користела деловните врски со заштитните трупи ИСАФ во Авганистан за илегални дејности. Дојче Веле го пренесе извештајот на НДР во својата програмска понуда на повеќе јазици.

НДР се повика на осум години стар извештај на германската тајна служба и на еден понов извештај на тајните служби од извори на КФОР. Притоа, беше споменат еден семеен клан во Македонија, под сомнение за вмешаност во организиран криминал, со име Дестани, кое го носи и основачот на фирмата „Еколог“. Притоа беше цитиран шефот на воената команда на НАТО во холандскиот Брунсум, генералот со четири ѕвезди, Егон Рамс. Тој во интервју најавил интерес целосно и без задршки да ги расчисти сомневањатa и обвинувањата против фирмата.

Раководителот на „Еколог“, Томас Ваховиц , во соопштение до медиумите ги отфрли обвинувањата како „целосно неосновани и без супстанца“. НДР, напротив, ги отфрли обвинувања на фирмата и најави жалба против привремената мерка од судот за забрана на употреба на одредени тврдења, пишува Дојче Веле.

Фирмата „Еколог“, чие седиште се наоѓа во Диселдорф, нуди логистички услуги во воените области, меѓу нив перење на алишта, сместување во кампови, градежни услуги, кетеринг и трговија со енергенси. Таа вклучува „независни странски претставништва“ во САД, Македонија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Турција и Кина, како и „биро за поврзување“ во Либан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top