Генералниот секретар на НАТО во последна посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер денеска ќе оствари проштална посета на Република Македонија.

Geenralen sekretar
Генерален секретар

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер денеска ќе оствари проштална посета на Република Македонија.

Тој ќе биде примен од претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, а ќе се сретне и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски.

karta„Република Македонија е единствена земја партнер на НАТО која ќе биде домаќин на генералниот секретар на НАТО, што е негова лична заложба, како дел од прошталните посети пред неговото заминување од оваа функција, соопшти Министерството за надворешни работи.

На средбите, како што наведува МНР, ќе бидат разменети мислења за актуелни прашања поврзани со членството на Република Македонија во Алијансата.
Јаап де Хоп Шефер наскоро заминува од местото прв човек на НАТО. На таа позиција од 1 август ќе го наследи Андерс Фог Расмусен, поранешниот премиер на Данска.
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top