Поглаварот не го коментираше сомнителното потекло на австралијанскиот бизнисмен за кој се обелодени дека се соочил со повеќе кривични пријави за тепачки и насилство.
Договорот со Мајкл Тема вреден 83 милиони евра е потпишан во согласност со владиците – тврди Поглаварот Стефан. По подолго избегнување на медиумите, Архиепископот проговори дека договорот бил повеќе од добар, а македонскиот печалбар од Австралија, струшките хотели требало да ги преземе откако МПЦ ќе ја раскине соработката со браќата Миладинови, кои токму за аферата Изгрев добија 6, 5 години затвор.
„Тој договор дај боже да се реализира“, изјав вчера поглаарот.
Иако од една страна овластен да потпишува договор за изнајмување на струшките хотели, архиепископот се прогласи за ненадлежен за судбината на вработените во Изгрев и Бисер.
Поглаварот не го коментираше сомнителното потекло на австралијанскиот бизнисмен за кој се обелодени дека се соочил со повеќе кривични пријави за тепачки и насилство.
На последната седница на Синодот, владиците излегоа со писмено соопштение во кое поглаварот се амнестира од одговорност, со објаснување дека договорот се уште не бил реализиран.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град