ФЗОМ ги предупреди матичните, аптеките и гинеколозите

ФЗОМ со подобри услуги за осигурениците.

 |   | 
lek
lek

fzomКај матичен гинеколог освен 60 денари партиципација за ПАП-тест, сите други здравствени услуги треба да се бесплатни. Лекарите кои ќе наплатат незаконска доплата за услугата, ќе мора на пациентот да му ја вратат во рок од 8 дена или следува казна од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Ова е само дел од новините кои ги содржат договорите за новата фискална година која почна на 1 април, а кои ги презентираше директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова.
Змејкова, по поплаките на многубројни пациентки дека кај матичен гинеколог им се наплаќа и по 500 денари најави дека на матичните гинеколози кои се преблокирани, за да не ги враќаат нови пациентки кои сакаат да се лекуваат кај нив, Фондот ќе им одобри 12.000 до 15.000 денари дополнителни средства, со што до 3.500 жени ќе добива целосна капитација по 50 денари без да се крати за превентивните цели. Казна ќе има и за болниците кои работат вештачко оплодување ако наплатат дополнителна обработка на биолошкиот материјал, за што досега на пациентките им зеле од 200 до 500 евра. „Обработката на биолошкиот материјал е во постапката и не смее да се наплаќа“, вели Парнарџиева- Змејкова.

Матичните лекари и нивните замени, пак, ќе мора да работат во различни смени, за да има 12 часа отворена ординација, или, пак, да воведат двократно работно време претпладне и попладне, ако работат само во една смена.

Новина во аптеките, како што рече вториот директор на Фондот, Џемали Мехази, е што тие ќе мора во секој момент на располагање да ги имаат 25 најфреквентни лекови дадени по генеричко име, а кои се без доплата. На пример, „еналаприл“, „диазепам“, „метформин“, „аторвастатин“, „бисопролол“

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top