Висока делегација на Фронтекс – Европската агенција за управување со оперативната соработка на надворешните граници на земјите членки на ЕУ, од денеска престојува во Македонија.
Висока делегација на Фронтекс – Европската агенција за управување со оперативната соработка на надворешните граници на земјите членки на ЕУ, од денеска престојува во Македонија.
Делегацијата на Фронтекс ја предводи извршниот директор на Агенцијата, Илка Лаитинен, кој ќе се сретне со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Главна тема на разговорите ќе биде областа на граничното управување, како и презентација на организационата поставеност и улогата на Граничната полиција во Македонија и капацитетите на Националниот координативен центар за гранично управување.
На средбата меѓу Јанкулоска и Лаитинен се очекува да бидат договорени повеќе конкретни видови на соработка.
Инаку, ова претставува прва официјална посета на највисока делегација на Фронтекс по склучувањето на Работниот договор меѓу Агенцијата и Република Македонија во јануари годинава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град