Со два кратки филма на португалскиот режисер Серџо Круз, вечер во Кинотека на Македонија почнува Фестивалот на видеоарт, краток филм и независна продукција „Фрик филм“.
Ќе бидат прикажани и два кратки филма од англиската авторка Џени Беинес, триесетминутен филм на германскиот режисер Мин Доунг, како и анимации избрани од норвешкиот уметник Бјорн Хегарт, кој е издавач на списанието за современ цртеж „Фукт“.
Фестивалот „Фрик филм“ продолжува утре во винотеката „Темов“ во скопската чаршија и ќе заврши задутре во чекалницата во Железничката станица. На програмата се дела на дваесетина познати меѓународни автори на овој вид уметност.
Во Кинотеката на Македонија од 6-ти до 12 март ќе биде прикажан циклус „Јапонски современ филм“, кој в петок ќе биде отворен со филмот „Харизма“ (1999) во режија на Кијоши Куросава. Во наредните денови на програмата се и „Чирусоку лето“ (2003) од Кијоши Сасабе, „Пресврт“ (2005) во режија на Кеичи Номура, „2 – Дуо“ (1996) на Сува Нобухиро, „Биликен“ (1996) на режисерот Џунџи Сакамото, „Засекогаш – Залез на третата улица“ (2005) на Јамазаки Такаши. Програмата ќе заврши на 12 март со проекција на „Самурајот Самрак“ (2002) на режисерот Џоџи Јамада.
Во пресрет на Денот на франкофонијата, од 14-ти до 19 март во Кинотеката ќе бидат прикажани филмови на француски јазик во програмата „Денови на франкофонски филмови“.
На 24-ти и 25 март Кинотеката ќе прикаже два филма на чешкиот режисер Јиржи Менцел – „Строго контролирани возови“ (1966) и „Село мое мало“ (1990). Од 26-ти до 30 март, пак, во рамки на програмата „Прозорец кон италијанскиот филм“ ќе биде прикажана ретроспектива на режисерот Ферзан Озпетек.
Во галеријата на Кинотеката на Македонија од 5-ти до 15 март ќе биде поставена изложба на м-р Бојан Илиевски, а на 13 март ќе биде прикажан „Океаника“, експериментален подводен документарен филм во режија на Васко Тодоров.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град