Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање, рече дека има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите.
Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја пратиме состојбата. И покрај тоа што е сега прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние интензивно ги пратиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата – вели Филипче.
Според него едно од можните сценарија е да има препорака за трета доза на вакцини. Во зависност од моменталната состојба, вели тој, ќе разговараат за евентуални рестриктивни мерки прво насочени кон оние кои не се вакцинирани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град