Претстојните избори ќе бидат главна тема на посетата на Македонија која државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи (МНР) Гернот Ерлер ја почнува денеска.
Претстојните избори ќе бидат главна тема на посетата на Македонија која државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи (МНР) Гернот Ерлер ја почнува денеска.
„Германија ја поддржува европската перспектива на Македонија како потенцијален член на ЕУ, и од германска гледна точка мирни, слободни и демократски избори и продолжување на реформите се од клучно значење за овој процес и за напредокот на патот кон евроинтеграцијата, соопшти германското МНР, по повод дводневната посета на Ерлер..
Вториот човек во германското МНР во Скопје ќе биде примен од претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, а ќе има средби и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, потпретседателот на Собранието Светлана Јакимовска, како и со претставници на политичките партии, соопштено е во Берлин.
Ерлер на средбите ќе се интересира и за реформските чекори што Македонија ги прави во рамки на евроатланските интеграции, како и за имплементацијата на Охридскиот договор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град