Фармацевтите од Балканот на средба во Охрид

Петтиот симпозиум на фармацевти на Европската асоцијација за генерички лекови за Југоисточна Европа (ЕГА) денеска започнува во Охрид.

logo
лого

Петтиот симпозиум на фармацевти на Европската асоцијација за генерички лекови за Југоисточна Европа (ЕГА) денеска започнува во Охрид.

GalafarmТема на симпозиумот е „Европскиот предизвик за националните регулаторни агенции за лекови и за индустријата на генерички лекови“

Организатори на форумот се: Европската асоцијација за генерички (ЕГА) и Министерството за здравство, со поддршка од фармацевтската компанија Алкалоид.

Симпозиумот денеска започнува со прес конференција, на која ќе присуствуваат министерот за здравство, Бујар Османи, генералниот директор на Европската асоцијација за генерички лекови, Грег Пери и директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.

На дводневниот симпозиум треба да се одржи и дискусија за тоа како да се елиминираат бариерите за пристап на генеричките лекови на пазарот.

Ќе дебатираат претставници од регулаторни агенции во областа на лековите, Бироа за патенти и претставници од индустриите за генерички лекови од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top