Eврокомесарот Фуле во посета на Македонија

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија, во рамки на која ќе оствари средби со државниот врв.

 |  Маја Савиќ  | 
Shtefan Fule
Штефан Фуле

Shtefan FuleКомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија, во рамки на која ќе оствари средби со државниот врв.

Фуле ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.  Предвидено е тој да се сретне и со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.

Се очекува на средбите да стане збор за евроинтеграцијата на Македонија, а во тој контекст и за грчкото условување на стартот на преговорите за членство со претходно решавање на прашањето за името.

Според агендата, еврокомесарот Фуле ќе се обрати пред  Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, кој утре треба да ја одржи втората сесија.

Завчера на средба со македонски новинари во Брисел, Фуле изјави дека Македонија има отворена можност за решавање на долгогодишниот спор за името со Грција, но и оти за тоа е потребна политичка волја од страна на двете земји.

– Надворешната помош не може да ја замени политичката волја на Атина и Скопје. За танго се потребни двајца, рече Фуле.

Тој очекува за време на шпанското претседателство да се реши спорот меѓу двете земји што го блокира отворањето на преговорите на Скопје со ЕУ и ги поздрави напорите на Мадрид да се реши прашањето. Посочи и на неодманешната изјава на шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос во Европскиот парламент дека верува оти наскоро би можело да се најде решение за спорот за името. Воздржувајќи се да оди во детали за спорот со името изјави дека се надева оти долго одложуваните претпристапни преговори можат конечно да почнат со оглед дека 2009 била „добра година за реформи“ во Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top