Европскиот парламент во среда за Македонија

Европскиот парламент на пленарна седница во среда на 10 февруари ќе расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција кон членството во Европската унија.

EP
ЕП

Европскиот парламент на пленарна седница во среда на 10 февруари ќе расправа за напредокот на Македонија, Хрватска и на Турција кон членството во Европската унија.

EPКомитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент неодамна ги усвои амандманите на предлог-резолуцијата за Македонија, со која ја повикува Европската унија во март да одреди датум за почеток на претпристапни преговори со Македонија.

Во предлог -резолуцијата се повикува и на удвојување на напорите за изнаоѓање на заедничко решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Документот е предложен од словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој во Европскиот парламент е известувач за Македонија.

Оваа вест е преземена од:

http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/98569/view

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top