Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА.
Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА.
Во резолуцијата за која по вечерашнава дебата, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.
Билатералните и добрососедските односи според предложениот текст треба да бидат во конструктивен дух водејќи сметка за принципите на ОН и ЕУ.
ЕП жали што одлагањето на датумот за преговори ја акцентира растечката фрустрација на јавното мислење во однос на ќорсокакот во кој се наоѓа процесот на интеграција во Унијата и ризикува да предизвика проблеми и тензии во земјата. Исто така, ЕП жали што Советот не ја повтори истата формулација од 2012 година во однос на Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град