Евро парламентот денеска ќе расправа за предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, во која се очекува да биде препорачан датум за почеток на преговори со ЕУ.
Евро парламентот денеска ќе расправа за предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, во која се очекува да биде препорачан датум за почеток на преговори со ЕУ.
За предлог резолуцијата, подготвена од известувачот за Македонија, холандскиот пратеник Ерик Мејер, ќе се расправа попладнево на пленарна седница во Европскиот парламент (ЕП), пренесува Макфакс.Гласањето е в четврток.
Известувачот Мејер минатата недела во Скопје изјави дека е оптимист и очекува ЕП да поддржи отворање преговори со Македонија за членство во Унијата и без решавање на прашањето за разликите околу името со Грција.
„Дури и да почнат преговорите брзо, ќе биде потребно време до 2017 или 2018 година за Македонија да влезе во ЕУ. Во меѓувреме, проблемот со Грција ќе мора да биде решен, бидејќи секоја земја-членка има право на вето за прием на нова членка. Но, мислам дека преговорите ќе почнат што е можно побрзо и дека мнозинството во Европскиот парламент ќе го поддржи тоа”, изјави Мејер.
Македонија од 2005 година чека на датум за почеток на преговори со Европската унија (ЕУ).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град