ЕП повторно побара датум за преговори за Македонија

Освен грчките и бугарските, речиси сите европратеници во дебатат по предлог-резолуцијата на известувачот на ЕП за Македонија, Ричард Ховит, побараа земјава веднаш да добие датум за преговори и оти е крајно време преговорите да почнат.

Evropski Parlament
Европски Парламент

 

„Потребни се двајца за танго. Така тоа функционира“. Вака Филе им одговори на грчките европратеници кои остро се противеа на ставовите дека Македонија треба да добие датум за преговори без понатамошно одложување, во рамките на дебата која вечерва се одвиваше во Европскиот парламент околу предлог-резолуцијата на известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит.

Филе притоа одговори и на обвинувањата на грчките европратеници дека Европската комисија и тој лично грешат оти се залагаат преговорите со земјава да почнат без изнајдено решение за името.

„Не сум целосно во грешка. Ако се согласиме дека статус-кво ситуацијиата е неодржлива, ако се согласиме дека услови мора да бидат создадени за страните да се движат напред и во исто време ако се согласиме дека името мора да биде решено пред Македонија да стане членка, тогаш ние всушност имаме повеќе можности отколку да го решаваме името пред отпочнувањето на преговорите“, рече Филе.

Сепак и тој и Ховит ги повика и Скопје и Атина да го следат примерот на Белград и Косово и да покажат дека политичка храброст дека навистина сакаат да го решат спорот. Ховит пак од Европскиот совет побара да го слушне она што го кажуав Европскиот парламент, а тоа е да почнат преговорите со Македонија без одлагање..

Evropski Parlament„Овој парламент му постави јасно прашање на Европскиот совет, дали ги користи предизвиците на земјата како убедлив изговор. Дали навистина размилсувате што ќе се случи ако земјата се врати назад кон конфликт и поделба“, изјави Ховит.

Дебата за резолуцијата на Ховит траеше еден час во која со исклучок на грчките и бугарските европратеници, речиси сите говорници побараа Македонија веднаш да добие датум за преговори и оти е крајно време преговорите да почнат, со барање ЕУ да нема двојни стандарди кон земјите-кандидати и кон земјите-членки кога се во прашање политичките критериуми. Речиси сите такви барања беа проследени со аплауз.

Грчките на критиките од другите европратеници, дека Атина со условувањата околу решавањето на спорот за името пред да се даде датум за Макеоднија, унилатерлано го попречува пристапувањето на Македонија во ЕУ, дебатат се обидваа да ја пренасочат кон немањето доволно демократски капацитете на земјава, аргументирајќи го тоа со неодманешната политичка криза.

Политичките критериуми во контекст на кризата не беа заобиколени ни од страна на известувачот Ховит, како ни од Филе, кои побараа целосно да се исполнат обврските од договорот од 1 март – формирање на анкетната комсија, потпишување на меѓупартискиот меморандум и обновувањето на преговорите со ЗНМ. Европскиот парламент утре ќе гласа за резолуцијата за Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top