Музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори синоќа 49-то „Охридско лето”.
Музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори синоќа 49-то „Охридско лето”.
Италијанскиот композитор Мориконе диригираше со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои во Античкиот театар во Охрид изведоа колаж од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други.
Најпрестижната културна манифестација во Македонија, „Охридско лето” свечено ја отвори македонскиот претседател и покровител на годинешното 49 фестивалско издание Ѓорге Иванов.
Во пригодното обраќање, претседателот Иванов истакна дека манифестацијата „Охридско лето“ има вонвременска димензија во споделувањето на културната различност.
„Секоја наредна година, како што се доближуваме кон половина столетие од постоењето на најголемата летна културна манифестација во Македонија, Фестивалот „Охридско лето”, ја осознаваме се повеќе нејзината вистинска природа и нејзините вонвременски димензии. Охридското лето е мост на уметноста и културата во овој дел од светот,и духовен континуум на древната Охридската традиција на духовен и културен центар“, посочи претседателот Иванов.
„Искрено се надевам дека и оваа година овој вечен град ќе се воздигне низ звуците, гласовите и играта на многумина светски познати уметници и креатори, ќе ги задржи и погледите и воздишките на многубројните присутни гости и ќе ги разбранува и оживее сенките и убавините на вечно присутните древни култури“, додаде Иванов.
Годинава на фестивалот ќе гостуваат музичари од 17 земји. На Охридско лето за прв пат ќе настапат големите класични музичари Березовски, Мидори, Лесковар , како и швајцарскиот пијанист Тео Георгиу, кој со 16 години е најмладиот учесник на годинашното „Охридско лето”.
Спекатклот во Охрид покрај претседателот на Р Македонија го следеа и неговите гости,претседателите на Албанија и на Косово, Бамир Топи и Фатмир Сејдиу, претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер, евроамбасадорот Ерван Фуере, министри во владата, пратеници и околу 3000 вљубеници во уметноста.
Големиот композитор претпладнето на специјалната пресс конференција го поздрави министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска. „Охридско лето со настапот на овој голем уметник ја збогатува својата респектабилна програма, рече на пресконференцијата, министерката Милевска.
„Секогаш сакам да направам добар концерт,а овој пат ќе направам уште подобар.Вечерашниов концерт ќе му го посветам на на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, кој ми направи огромна чест, доделувајќи ми го орденот кој за мене не значи само предмет за носење во посебни пригоди, туку голема сатисфакција“, рече на прес конференцијата славниот композитор.
Во знак на гостувањето на светски познатиот композитор Мориконе во Охрид директорот на Фестивалот Тони Симоновски му врачи охридска резба со ликот на Патронот на градот – Свети Климент Охридски.
Мориконе не е пребирлив со храната, тоа го кажа самиот, а потфрдија и од фестивалот.
„Јас немав посебни барања што се однесува до храната затоа што не ја знам македонската кујна.Оставив келнерот и готвачот да одлучат за мене.Јадев прекрасна салата ,јогур,јагнешко месо,риба подготвена на специфичен начин.
Кажувам за онаа храна што ја јадевме ,јас,мојата сопруга и останатите гости,рече Мориконе. Светски познатиот композитор во Охрид пристигна во саботата. Тој е воодушевен од природните убавини на градот.
„Избегнувам да давам премногу комплименти, но ова е еден посебен град, посебно место и тоа сакам да го нагласам во оваа прилика“, рече Мориконе.
Инаку Големиот уметник во својата кариера има компонирано околу 450 дела, од кои 80 насто се за вестерн филмови.Според него, оној кој се сеќава само на вестрен филмовите е доста ограничен.
„Сум направил музика и за многу други филмови кои не се од жанрот вестерн.Не дека се срамам што сум работел на музиката на вестерн филмовите, туку на некој начин жалам што многумина имаат ограничени мислења за мојата професија.Преминувајќи од еден филм на друг,многу е позабавно.Предходното искуство оди од еден на друг филм,но со истиот стил на композиторот,објасни Мориконе, кој својата музика не ја нарекува филмска, туку апсолтуна,затоа што како што рече таа зависи само од авторот.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град