ЕЛЕМ го тужи ЕВН за 20 милиони евра

ЕЛЕМ достави уште неколку тужби против ЕВН Македонија со кои бара наплата на 20 милиони евра од Австријците по повеќе основи.

logo
лого

ЕЛЕМ достави уште неколку тужби против ЕВН Македонија со кои бара наплата на 20 милиони евра од Австријците по повеќе основи.

Како што најави директорот на Електрани на Македонија, Влатко Чингоски, ЕВН треба да врати 10 милиони евра за увозот на струја и уште толку за преземена, а неплатена енергија до април годинава.

kontrolna tabla– ЕВН не ги почитува институциите и граѓаните на Македонија и тоа го покажува секојдневно. Компанијата на ЕЛЕМ заклучно со април годинава му должи 640 милиони денари и не сака да потпише договор врз основа на кој ќе може да се наплати преземената енергија за загубите над 11 отсто – појасни Чингоски.

Освен за неплатена струја, ЕЛЕМ ја тужи ЕВН Македонија и за забранет пристап до покривот на зградата на поранешна ЕСМ во центарот на Скопје, каде што е поставена табла само на австриската компанија.

Од ЕВН веднаш реагираа дека „обвинувањата на ЕЛЕМ за неплатени тековни побарувања се дел од континуираните неосновани напади кон ЕВН за пак да се национализира компанијата и да се дефокусира јавноста од скандалозниот судски процес што го покрена ЕЛЕМ и за што штетата ќе ја платат, за жал, сите граѓани“. ЕВН редовно и целосно ги намирува сите обврски кон државната компанија за производство на електрична енергија, за што потврда се платените фактури. За да му ги плати сметките, ЕВН беше принудена да земе 18 милиони евра помош од ЕВН Групацијата – велат од австриската компанија.

Директорот Чингоски смета дека не постои потреба од вклучување на Арбитражниот суд во Вашингтон во спорот на ЕЛЕМ со ЕВН Македонија, бидејќи станувало збор за спор меѓу две домашни компании, за кој е надлежно македонското судство.

Сепак, од ЕВН повеќепати повторија дека тужбата е покрената против Владата за повреда на повеќе меѓународни договори.Оттаму додаваат дека компанијата претрпела финансиски штети од Законот за енергетиката, кој му овозможува на ЕЛЕМ да ја злоупотребува својата монополска позиција. Според ЕВН, токму поради тоа, Законот за енергетиката е под лупа на Европската енергетска заедница.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top