Во свидетелствата на учениците ќе се впишуваат резултатите од екстерното тестирање, кое од следната учебна година ќе се спроведува во сите основни и средни училишта. Ова е дел од измените што се воведени во Законот за основно и средно образование, што вчера ги соопшти ресорниот министер Никола Тодоров.
Во свидетелствата на учениците ќе се впишуваат резултатите од екстерното тестирање, кое од следната учебна година ќе се спроведува во сите основни и средни училишта. Ова е дел од измените што се воведени во Законот за основно и средно образование, што вчера ги соопшти ресорниот министер Никола Тодоров. Екстерните тестови по четири предмети учениците од основните училишта и од прва до трета година средно образование ќе ги полагаат на крајот од учебната година, а матурантите ќе бидат екстерно тестирани на крајот од првото полугодие. Резултатите од екстерното оценување нема да влијаат врз оценката од наставниот предмет, но ќе имаат влијание при уписот на учениците во средните училишта и факултети. Доколку се утврди дека оценката на одреден наставник се разидува со оценката што ученикот ја добил на екстерниот тест, наставникот ќе биде пратен на обука за да се подобри неговиот критериум за оценување. Тодоров истакна дека ако и по една година не се подобри оценувањето на наставниците, тие ќе бидат казнети со десет проценти помала плата во текот на една година, а наставниците што се реални во оценувањето, ќе добијат награда од десет проценти зголемена плата во текот на наредните 12 месеци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град