Во Македонија лекови на рецешт се пијат се повеќе, покажале анализите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), пишува „Утрински весник“.
Во Македонија лекови на рецешт се пијат се повеќе, покажале анализите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), пишува „Утрински весник“.
Меѓу десетте лекови кои најмногу се користат во земјава се „еналаприл“ – лек за крвен притисок, потоа „пентоксифилин“ за подобра циркулација, па „лизиноприл“, исто така за крвен притисок, потоа „дијазепам“, па „метформин“ за регулирање на метаболизамот, „диклофенак“ препарат против болка, „ранитидин“ за желудник итн.
Анализата за употреба на лекови на рецепт во 2013 година, иако не е комплетно завршена, покажува дека бројот на реализирани рецепти нема да биде помал од 18 милиони, што претворено во пари значи дадени околу 35 милиони евра за лекови на рецепт. Шестмесечната анализа за минатата година покажа дека за половина година во аптеките биле издадени лекови врз база на 8,5 милиони рецепти. А, тоа е за околу 5,5 отсто повеќе издадени рецепти во споредба со првите шест месеци во 2012 година.
Според досегашните анализи на Фондот и реализираните рецепти, и натаму најмногу се трошат лекови за кардиоваскуларни заболувања, за срце и за крвни садови.
На оваа група на лекови отпаѓаат речиси половина од издадените рецепти. По нив, доаѓаат лекови за централниот нервен систем, чија потрошувачка варира од година во година за околу еден процент. На трето место се препаратите за дигестивниот систем и за метаболизам.
Намалување на потрошувачката посебно се забележува кај антибиотиците, на кои отпаѓаат околу 10 отсто од реализираните рецепти, пишува Утрински весник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град