Еден загинат во тешка сообраќајка кај Стража

Тешка сообраќајка се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево во која има една жртва, а седум лица се пренесени во гостиварската болница за укажување помош.

 |   | 

Тешка сообраќајка се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево во која има една жртва, а седум лица се пренесени во гостиварската болница за укажување помош.

Од МВР велат дека според пријавата во СВР Тетово сообраќајката се случила околу 15:30 часот во близина на Новоселските гробишта и во неа учествувале три возила.

Во сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес‘, патничко возило БМВ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад‘ за укажување лекарска помош – велат првичните информации од МВР.

Патот Гостивар-Кичево е затворен за сообраќај во двете насоки, а на терен увид вршат јавен обвинител и екипи од гостиварската полиција.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top