Интензивно се трага по вооружената група која уби еден припадник на Алфите и рани други двајца, граничните премини се блокирани и се вршат засилени контроли на возилата.
Во оруженито напад што околу 12,30 часот беше извршен во близина на Природно математичкиот факултет во Скопје е убиен Африм Арифи (39) припадник на полициската единица Алфи.
Други двајца припадници на единицата, на возраст од 33 и 37 година, се ранети. Едниот е во критична состојба, а другиот е полесно ранет.
Деталите за оружениот инцидент попладнево на вонредна прес конференција ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
За мотивите на оружениот напад, полицијата не исклучува дека е можна одмазда за неодамнешните апсења на повеќе криминалци, но, засега нема повеќе сознанија.
Полициската патрола пристигнала на паркингот на Природно – математичкиот факултет од населбата Ченто и вршела редовни активности.
Алфите биле во возило „мазда“ и во кругот на факултетот се разминале со „голф“ со темна боја и затемнети стакла.
Напаѓачите, најверојатно биле тројца до четворица. Тие што седеле позади носеле маски на главите.
Врз полицајците биле пукано од автоматско оружје, а нападот траел триесетина секунди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град