ДЗС: зголемување на просечната плата за 0,1%

Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра.

pari
пари

Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за една година просечната плата по вработен се зголемила за 0,1%.

Растот, пред се, е резултат на зголемените примања на вработените во три сектори. Најголем пораст на платите во изминатиот едногодишен период имало во рударството и вадењето камен, и тоа за 16,5%. Следуваат градежниците, чии сметки станале подебели за 8,7%, па административните и помошните услужни дејности, каде што е регистриран раст на просечната нето-плата од 4%.

plataОвие статистички податоци не ги засегаат 1,3% од работниците, кои во февруари не зеле плата, ниту, пак, ги радуваат вработените во повеќе сектори во кои платите останале на исто ниво или дури и се намалиле. Во индустријата, на пример, едногодишниот скок на заработките изнесува 4,8%, додека во услужните дејности само 0,3%. Истовремено, во земјоделството и во шумарството има пад на платите од 3,2%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа за 0,2%. И во дејноста информации и комуникации платите се стопиле за 3,3%, а во другите услужни дејности за 2,1%. Најнеисплатливи занимања и понатаму остануваат кожарството и рибарството. Платите на кожарите во февруари им се зголемиле за 7,5% и со тоа стигнале до просечните 10.088 денари, што е најниска плата во државата. Рибарите, пак, имале големо намалување на платите, за цели 27,5%, па во февруари во просек зеле по 10.783 денари.

Статистиката не е многу променета кај најплатените работи. Во помошните дејности кај финансиските услуги ДЗС ја регистрира најголемата просечна плата, која изнесува 49.041 денар, со намалување од 1,9% во однос на ланскиот февруари. Продолжува трендот на високи просечни плати и во правните и во сметководствените дејности, каде што се исплатени по 46.067 денари, со пад од 6,7% за период од една година. За 3,5% се намалени и платите и во телекомуникациите и таму во февруари во просек се исплатувале по 45.753 денари. Според ДЗС, просечната бруто-плата во февруари годинава изнесувала 30.662 денари и во однос на минатиот февруари била повисока за 0,1%.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top