Дворното земјиште ќе може да се купи за едно евро

Македонските граѓани од денеска ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на своите куќи и станбените згради по само едно евро, одлучи Владата.

Skopje
Скопје

Македонските граѓани од денеска ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на своите куќи и станбените згради по само едно евро, одлучи Владата.

Skopje„За двор од 500. метри квадратни, до денес, во општините Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир или Аеродром, требаше да се плати околу 5,5 до 6,5 илјади евра. Со намалувањето на цената на само едно евро за метар квадратен, за истиот двор граѓанинот во иднина ќе треба да плати само 500. евра“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата.

По едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постоечките објекти за спорт и рекреација, инфраструктурните објекти, објектите за јавни институции. Досега, за еден метар квадратен дворно земјиште се плаќаше до 13 евра.

„Одлуката се однесува на земјиштето под објектот и околу објектот, значи дворовите. Било да се работи за двор на куќа индивидуална, било да се работи за двор на зграда. Станарите пропорционално би го откупиле дворот на зградата, што ќе им даде можност за доградба, ќе ја елиминираат потребата понатака под закуп да плаќаат. Кај индивидуалните куќи се работи за земјиштето под куќата и дворното земјиште околу куќата. Тоа е предмет на откуп за едно евро“, вели Зоран Ставревски, министер за финансии.

Со ова, велат од владата се заокружува процесот на приватизацијата на земјиштето со што граѓаните стекнуваат сопственост на земјиштето под нивните куќи и во дворовите. Истото ќе можат да го стават во функција и при земање кредит во банка, но и при продажба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top