Две години од смртта на најголемата македонска поп ѕвезда

Две години од трагичната и предвремена смрт на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, навршуваат в петок на 16-ти октомври.

Toshe Proevski
Тоше Проевски

Две години од трагичната и предвремена смрт на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, навршуваат в петок на 16-ти октомври.

Toshe PoreskiВо чест на Тоше за утринава е закажана литургија во манастирот „Свето преображение“ во Крушево, чија  што изградба своевремено ја помагаше и самиот тој.

Како што соопшти Авард продукција, по литургијата која ќе трае до 10 часот е предвидена посета на гробот на Тоше Проески.

Вечниот дом на Тоше, според најавите, денеска ќе го посетат неговите фанови од целиот Балкан.

На песните на Тоше на петти октомври на Градскиот плоштад во Скопје, се потсетија околу три илјади негови обожаватели. Денот беше одбележан во чест на неговиот последен концерт, одржан пред две години на Градскиот стадион.

Тоше Проески загина на денешен ден во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска.

Тој зад себе во наследство остави неколку десетици песни, а публиката ќе го памти и по многубројните хуманитарни концерти, кои тој никогаш не ги одбиваше.Под покровителство на Владата на Република Македонија, со поддршка на Министерството зза култура, се започна со изградба на Музеј – Спомен куќа на Тоше Проески во Крушево, со цел зачувување на неговото целокупно животно, музичко и хуманитарно дело, како и изградба на вечно почивалиште достапно за сите поклоници на Тоше.  

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која  загина Тоше продолжува в понеделник во Скопскиот Кривичен суд. Адвокатот на обвинетитот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на нашата ѕвезда, смета дека само со непореден распит на возачот на камионот ќе се расчистат многу дилеми што се однесуваат на несреќата.
Преостанува во годините кои ни претстојат да продолжиме да го живееме сонот на Ангелот, а тоа е сон исполнет со верба, љубов и добрина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top