Двата аеродроми во земјава со 20 % пораст на бројот на патници во првите девет месеци

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ во последно време станува се поинтересен и за граѓаните од Косово, Албанија и Јужна Србија, кои го бираат македонскиот главен град како појдовна точка за нивните патувања во Европа и светот, велат од аеродромскиот оператор.

aerodrom

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ во последно време станува се поинтересен и за граѓаните од Косово, Албанија и Јужна Србија, кои го бираат македонскиот главен град како појдовна точка за нивните патувања во Европа и светот, велат од аеродромскиот оператор.

Двата македонски аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и o хридскиот „Св. Апостол Павле“ , првите девет месеци годинава ги завршија со вкупно 1.183.728 патници, што е пораст од 20% , споредено со истиот период минатата година, информираат од „ТАВ Македонија“ , компанијата која оперира со македонските авиопристаништа.

– За разлика од аеродромите во Европската Унија , каде што во август просекот за пораст на бројот на патници е 5,2% , ние бележиме пораст од 3 0 % на скопскиот и охридскиот аеродром во септември , споредено со истиот месец лани. Ваквите двоцифрени зголемувања, и на месечни нивоа, но и во целиот период од првите девет месеци годинава, се должат на маркетинг-политиките на ТАВ – холдингот за привлекување на нови авиокомпании и зголемување на постоечките фрекфенции од македонските аеродроми. Истовремено, од голема помош за континуираниот пораст на вкупниот сообраќај е и поддршката на Владата за нискобуџетните авиокомпании, како и се почестото присуство на странски туристи во Македонија, нашите иселеници кои почесто ја посетуваат татковината, како и младите луѓе кои сакаат да патуваат и откриваат нови дестинации , изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

aerodromКрстевски додава дека во последно време значително е зголемен и интересот на граѓаните од соседните земји, како од Косово, од Албанија и од Јужна Србија, за патување преку скопскиот аеродром „Александар Велики“, што навестува негово позиционирање како главен центар меѓу аеродромите во регионот.

Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат трендот на зголемување на сообраќајот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ да продолжи и натаму, како резултат на новите 8 линии кои се воведоа годинава од двете авиопристаништа – шесте од Скопје за Женева, Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нинберг, како и двете од Охрид – за Лондон и Базел.

Во првите девет месеци преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле ’’ патувале вкупно 1.183.728 патници, што е зголемување за 20% во однос на истиот период минатата година.

Во истиот период, од јануари до септември, на двата аеродроми се реализирани вкупно 11.695 летови , при што порастот на годишно ниво е 10% .

Најфрекфентна дестинација од „Александар Велики“ и натаму e Истанбул (двата аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“) со 14,4% пазарен удел во вкупниот сообраќај, а потоа следуваат Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон (Лутон). Меѓу авиокомпаниите, „Виз ер „ има пренесено најголем број патници во периодот јануари-септември со 49% пазарен удел, а по него следуваат „Туркиш ерлјанс“, „Аустриан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top