Државниот секретар во Министерството за одбрана Стефаноски, на работна средба во седиштето на НАТО

Денес, во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Република Македонија на кои присуствуваше и државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин м-р Сашо Стефаноски.

делегација
delegacija

Денес, во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Република Македонија на кои присуствуваше и државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин м-р Сашо Стефаноски.

На состанокот предмет на разгледување беше новиот пакет Партнерски цели 2014 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија.

делегација„Република Македонија континуирано е посветена на долгорочниот придонес во регионалната и Евроатлантската безбедност. Нашата земја дава исклучително висок придонес во меѓународните операции а досега над 3300 воен персонал од Армијата бил распореден во меѓународни операции. Понатаму ја изразивме политичка посветеност на Република Македонија, како одговорен член на меѓународната заедница и долгогодишен посветен партнер на Алијансата, за продолжување на учеството во мировните мисии по 2014 година односно во рамките на новата мисија на НАТО „Resolute Support“ – пост ИСАФ мисијата во Авганистан.“ – истакна Државниот секретар Стефаноски.

Пред Политичкиот и партнерски комитет на НАТО државниот секретар м-р Сашо Стефаноски информираше за постигнатиот напредок на Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО во доменот на одбраната, и прифаќањето на новиот пакет на Партнерски цели 2014.

“Република Македонија и понатаму останува силен промотор на регионалната одбранбена соработка во рамките на сите регионални иницијативи. Со земјите од Регионот на Југо Источна Европа со заеднички сили ќе продолжиме да работиме на имплементација на проектите во духот на НАТО концептот за Паметна одбрана. Покрај ова задоволен сум од постигнатото и цврсто сум убеден дека Република Македонија ќе добие позитивно признание и оценка за досега сработеното во рамките на одбранбените реформи и имплементацијата на Партнерските цели но и очекувам целосно да се почитува Хашката пресуда и Република Македонија во пресрет на Самитот на НАТО во Обединетото Кралство да стане полноправна членка.“ – заклучи Стефаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top