Во Министерството за финансии денеска ќе бидат потпишани договор за гаранција меѓу Македонија и Европската инвестициска банка ЕИБ и договор за заем меѓу Македонската банка за поддршка на развојот МБПР и ЕИБ во износ од 100 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија.

Кредитот од ЕИБ е дел од пакетот антикризни мерки на Владата за поддршка на стопанството.
Како што соопшти Министерството за финансии, на потпишувањето на договорите ќе присуствуваат министерот за финансии Трајко Славески, директорот на МБПР Драган Мартиновски и претставници на ЕИБ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град