До темел изгоре стариот палат на „Св. Јован Бигорски“

Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Sv.Jovan Bigorski
Св.Јован Бигорски

Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Sv.Jovan BigorskiЦелосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени.

Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за настанувањето на пожарот.
Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот меѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на Радика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top