Во Британија, Јапонија и Италија се дистрибуира ДВД издание на „Пред дождот“

Македонскиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Пред дождот“ се дистрибуира во  Велика Британија, Јапонија и Италија.

 |  Маја Савиќ  | 
pred dozdot
Пред дождот

Минатиот месец филмот се појавил на ДВД пазарот во Велика Британија во издание на ексклузивната куќа ХБ. Издавач во Италија ќе биде Минерва филмс.  Во Јапонија филмот ќе се појави до крајот на годината.

pred dozdot– Филмот сега првпат се издава на ДВД во овие земји. Кинопремиерата на „Пред дождот“ во овие три земји, како и во уште 50-тина земји, беше во  1994, 1995 и 1996 година. Следуваа видео и телевизиската дистрибуција по светот, а потоа и кинотечно и универзитетско прикажување и истражување, информира С-прес.

Светскиот дистрибутер најавил пласман и на сите други поглеми пазари каде што филмот имал кино и телевизиска дистрибуција по успехот во Венеција во 1994 година.

„Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ во 1.000 најдобри филмови во историјата.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top