ДИК прифати само два приговори

Државната изборна комисија изутринава го заврши разгледувањето на преостанатите 34 приговори, кои беа поднесени од ПЕИ, коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“, ВМРО-НП, СДСМ и од СДУ.

DIK
ДИК

Државната изборна комисија изутринава го заврши разгледувањето на преостанатите 34 приговори, кои беа поднесени од ПЕИ, коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“, ВМРО-НП, СДСМ и од СДУ.

Беше усвоен еден приговор од ПЕИ, за избирачкото место 1872, во селото Заграчани, општина Струга. Во изводот од избирачкиот список, во ова избирачко место, се запишани 1011 избирачи.
Во првиот дел од седницата, што почна завчера, беше усвоен и приговорот од ДУИ, за избирачкото место 2337 во општината Арачиново. Остатанатите 93 приговори беа одбиени.

kutijaДо ДИК во законски предвидените крајни рокови пристигнаa вкупно 95 приговори за неделното гласање на претседателските и локалните избори.
Подносителите на приговори, доколку не се задоволни од решенијата на Државната изборна комисија, имаат право да поднесат тужба до Управниот суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top