Државната изборна комисија усвои четири приговори поднесени од ВМРО- ДПМНЕ за изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга.
Државната изборна комисија усвои четири приговори поднесени од ВМРО- ДПМНЕ за изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга.
Поради тоа, членот на ДИК предложен од ДПА, Бедредин Ибраими, се закани дека ќе ја напушти седницата, а Субхи Јакупи од ДУИ обвини за етничко гласање.
– Јас ќе излезам, а вие продолжете да си гласате сами. Вие мислите дека сте патриоти. Не сте вие патриоти. Не е добро што гласате така ни за вас, ни за ДИК, ни за државата. Вие се повикувате на државата, но јас се повикувам повеќе на државата. Патриот е тој што работи за својата земја, за својот народ, за своите граѓани и за своите деца. Тогаш ѝ помагаме на државата. Вака вие како што сакате да ја терате, тогаш вие не сте патриоти – обвини Јакупи.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 приговори за нерегуларности за време на вториот круг локални избори во Струга. По жестоките кавги доцна во ноќта, претседателот на Комисијата ја прекина седницата и закажа продолжување за денеска во 10 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град