Претставниците на Државната изборна комисија, под силно обезбедување, утрово од битолската печатница „Киро Дандаро“ го подигнаа целокупниот избирачки материјал за спроведување на првиот изборен круг од претседателските избори.
Претставниците на Државната изборна комисија, под силно обезбедување, утрово од битолската печатница „Киро Дандаро“ го подигнаа целокупниот избирачки материјал за спроведување на првиот изборен круг од претседателските избори.
Претставниците на Државната изборна комисија, под силно обезбедување, утрово од битолската печатница „Киро Дандаро“ го подигнаа целокупниот избирачки материјал за спроведување на првиот изборен круг од претседателските избори што ќе се одржат во недела на тринаесетти април. Битолските печатари иако имаа кратки рокови, за само шест работни дена го завршија печатењето.
„Се испорача целокупниот гласачки материјал, како и недоверливиот материјал- записници, паравани, самолепливи етикети итн. Она што не очекува за вториот изборен круг, бидејќи вториот круг за претседателските избори се со парламентарните избори, тоа доста поголема работа, меѓутоа, спремни сме и таа работа да ја завршиме без никакви проблеми“- рече директорот на битолската печатница „Киро Дандаро“, Драги Милошевски.
Од „Киро Дандаро“ велат дека ова им е дванаесетти изборен циклус, а според досегашното искуство, гласачките ливчиња и другиот доверлив изборен материјал е напачатен според највисоки стандарди со сите неопходни заштитни механизми.
„Квалитетот е на високо ниво, без можности за фалсификат, бидејќи сите потребни заштити кои ги бара Државната изборна комисија се вметнати во самото ливче“– рече Милошевски.
Државаната изборна комисија ги подигна 1. 779. 572 гласачки ливчиња според запишаните гласачи од Единствениот избирачки список, потребните избирачки листи, записници, самолепливи етиките и 9. 000 гласачки паравани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град