ДИК: „Коалицијата за подобра Македонија“ победи во Скопје и 54 општини

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7.

logo
лого

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7, ДУИ во 11, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Националната демократска партија, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на листите за советници освоила 403.193 гласа, а коалицијата „Сојуз за иднина“ на чело со СДСМ 288.415 гласа, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

kutiiНа изборите за градоначалници гласале 473.859 гласачи од вкупно1.743.403 запишани гласачи во избирачкиот список. Важечки се 458.934, а неважечки 14.925 гласачки ливчиња. Одѕивот изнесува 67,61 процент.

За гласањето за советите во општините пристигнале податоци за 1.701 избирачко место или 57,16 отсто. Вкупно гласале 467.893 гласачи од кои важечки се 448.780 гласачки ливчиња, а 19.113 се неважечки. Одѕивот на гласачите изнесува 67,99 отсто

Податоците се за обработени 2.920 од вкупно 2.976 избирачки места или 98,12 проценти.
Најмногу гласови во Охрид освои Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 59,50, а Александар Петрески од СДСМ 37,53.

Најмногу гласови во Струга освои Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ 41,11, Зијадин Села 32,37.

За зедничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Кичево гласале 14.910, а во Струга 14.193 гласачи.

Резултатите се добиени од обработените податоци од 97,48 отсто од вкупниот број избирачки места. Одзивот од гласањето е 67,06 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top