Денес е Светски ден на човековите права

По повод светскиот ден за заштита на човековите права и слободи, канцеларијата на Обединетите нации во Македонија в четврток организира свеченост на која ќе се одбележи 30 –годишнината од донесувањето на Конвенцијата за намалување на дискриминацијата врз жените.

logo
лого

povelbaПодршка на иницијативата ќе  дадат Министерството за труд и социјална политика, Институтот за родови студии и невладината ЕСРА.

На средбата ќе се промовира и краток филм посветен на еднаквоста и различноста, изработен од студентите по родови студии, а предвидена е  изложба на фотографии и дебата на преставниците од владиниот и невладиниот сектор за прашања од сферата на женските и човековите права воопшто.

Свои обраќања е предвидено да имаат претставникот на ОН во Македонија Карлос Малдонадо, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и Асја Варбанова од организацијата УНИФЕМ.

Средбата се одржува во културниот центар Мала Станица со почеток во 16 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top