Денес продолжуваат преговорите за името

Македонија и Грција денеска со посредство на ОН ги продолжуваат разговорите за разликите околу името, коишто мируваа четири месеци поради изборите во двете држави.

Zoran Jolevski
Зоран Јолевски

Македонија и Грција денеска со посредство на ОН ги продолжуваат разговорите за разликите околу името, коишто мируваа четири месеци поради изборите во двете држави.

Посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц ја закажа средбата со преговарачите, македонскиот и грчкиот амбасадор, Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, во европското седиште на ОН во Женева.

vasilakis i NimicОва е прва рунда разговори околу името по одржаните претседателски и локални избори во Македонија, како и изборите за Европскиот парламент во Грција.

Од ниту една страна во разговорите нема најава дали денеска може да се очекува нов предлог од медијаторот Нимиц.

Тој по средбата во Женева, се очекува да ги посети Скопје и Атина во првата половина од јули.

Пред женевската рунда разговори, Скопје испрати порака дека се залага за компромисно решение, кое нема да задира во националниот идентитет.

Атина соопшти дека останува на ставот за едно заедничко прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top