Денес се празнува Св.Трифун

Дали се нарекува свети Трифун, Трипун, а некаде е познат и како Тривун, заштитникот од град и поплава, чуварот на лозјата од штетници, заштитникот на лозарите и кафеанџиите, едно е сигурно, станува збор за исклучителен настан поврзан со празнувањата и колективната меморија.

svetec grozd
светец грозд

rezenjeДелумно и пагански празник овој ден, 14 февруари, неофицијално се смета и за ден на пролетта, бидејќи од денеска почнува будењето на природата. И повторно, не случајно, тоа е и Денот на вљубените, Свети Валентин, односно денот на оние што чувствуваат потреба повторно да дадат завет за вечна љубов, да ја обноват досегашната или да откријат некоја нова. На овој ден, независно од тоа дали знаеле или не за Валентин, меѓу нашиот народ бил раширен обичајот да се оди кај гледачка за да се дознае судбината.

Кај Кинезите, пак, во исто време започнува нивната нова година, а календарот се нарекува – земјоделски!

Свети Трифун е еден од најавтентичните празници зашто има своја потпора не само во религиозното верување туку и во иднината, во желбата за подобар род и бериќет. Затоа, тој може слободно да се нарече и светец на надежта.

Сепак, една изрека вели тешко на лозарот што за Свети Трифун првпат влегува во лозјето. Таа испраќа порака дека лозарството е многу тешка професија, а славењето е само симбол.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top