Носителите на јавна функција во Македонија од денеска до 30 септември до Комисијата за верификација на фактите треба да поднесат изјава заверена на нотар дека не соработувале со органите на државна безбедност и не ги користеле добиените информации за напредување во кариерата.
Изјави според Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција до Комисијата треба да поднесат претседателот на Република Македонија, пратениците, претседателот и потпретседателот на Собранието, премиерот и членовите на Владата, градоначалниците на општините и на Градот Скопје. Првата фаза од лустрацијата треба да опфати околу 250 лица. За останатите кандидати за носители и носителите на јавни функции рокот за поднесување на изјавите ќе биде дополнително утврден.
Комисијата во својата работа ќе мора да соработува со Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање, Државниот архив и Службата за разузнавање при АРМ.
Со законот не се опфатени членовите на МАНУ, претставници на верскте заедници, новинарите, професорите и претставници на редица други професии. Тие ќе можат да се лустрираат исклучиво по сопствена желба.
Комисијата, како што беше соопштено на вчерашната прес-конференција, веќе ја започна постапката за утврдување на вистинитоста на изјавите на нејзините членови.
Според податоците на Комисијата, во Архивот на Македонија има околу 18.000 досиеја кои се од идеолошка-политичка причина, а околу 20.000 се од затвореници од „Идризово“.
– Во оваа бројка не се пресметани досиејата што се чуваат во Управата за контраразузнавање и во приватни архиви. Најголемиот дел од досиејата се наоѓаат во Белград и тоа во комплетна форма и за кои ние не знаеме во колкав број се, во каква состојба и за кои лица се работи, изјави Ѓорги Малковски.
Иако некои одредби од Законот се оспорени пред Уставниот суд, Комисијата, како што беше објаснето, нема да ја чека одлуката на Судот за да почне да ги разгледува изјавите на носителите на јавни функции.
Комисијата верификација на фактите е сместена на 17. кат во зградата на МРТ во привремени простории, кои се во фаза на преуредување и опремување.
Буџетот на Комисијата за оваа година изнесува седум милиони денари, а побарани се дополнителни средства во новиот ребаланс.Македонија и Албанија се единствените две држави од поранешниот источен блок кои ја немаат спроведено лустрацијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град