Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи денешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост, по повод трагичната смрт на полскиот претседател Лех Качински.
„Одлуката е донесена по повод трагичната смрт на Претседателот на Република Полска, Лех Качински, неговата сопруга Марија и високите полски државници, кои го загубија животот во авионската несреќа што се случи на 10 април 2010 година во Смоленск, Руската Федерација и претставува израз на сочувство кон семејствата на трагично загинатите лица и кон пријателскиот полски народ,“ стои во соопштението на Владата на Република Македонија.
На денот на жалост знамињата во Република Македонија ќе бидат истакнати на половина копје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град