Министерката Гордана Јанкуловска со положување цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР, заедно со претставници на семејствата на загинатите бранители и на Македонскиот полициски синдикат, во кругот на Министерството ќе почне централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Во присуство на министри на Владата на Република Македонија, како и на голем број поканети гости, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации, на здруженија на борци и на граѓани и вработени во МВР, со постројувањето на почесниот вод, интонирањето на националната химна, пред присутните пригодно обраќање ќе има министерката Јанкуловска.
На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје пак денеска ќе се одржи свеченост по повод денот на баталјонот на Воена полиција .
На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Коњановски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, заменикот на командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) бригаден генерал Киро Галазовски и други високи гости.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град