Утрешниот „Ден на дрвото“, „тежок“ пет милиони садници

Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“ утре ќе се одржи 12. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“

logo
лого

Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“ утре ќе се одржи 12. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, во која треба да бидат засадени пет милиони садници на површина од 1.150 хектари низ цела Македонија.

den na drvotoПриоритети за пошумување се опожарени површини, голини во и надвор од шума во рамки на „Шумско стопанските единици“, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта. Ќе се садат повеќегодишни дрвца од видовите даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја,… Покрај езерските крајбрежја во Охрид, Струга и Дојран изминатиот период беа засадени 400 палми. Изборот на дрвни видови за пошумување го врши „Македонски шуми“ во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците.

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи утрешниот ден за неработен.На 12. акција акцентот е ставен на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет. Покрај спотот и промотивен материјал, со дизајн од плакатот брендиран е и двокатен автобус на ЈСП.

Промотивната кампања почна во петокот, кога дрвца засадија медицински експерти. Во акцијата денеска се вклучија и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претставници на дипломатскиот кор.

Првата акција „Ден на дрвото“ беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, по што акцијата стана традиционална и досега засадени се над 51.432.310 шумски садници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top