Директорот на Секретаријатот на Меѓународната стратегија за намалување на катастрофи при Обединетите нации (UN/ISDR), Салвано Брисењо во вторник и среда ќе престојува во Македонија.
Брисењо ќе биде придружуван од регионалниот координатор за Европа во Скопје, Паола Албрито.
Според најавите, на македонските власти ќе им биде оддадено признание за воспоставувањето на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, која ја вброи Македонија меѓу 11-те европски земји кои ја спроведуваат оваа стратегија.
Брисењо, за време на првиот ден од посетата ќе оствари средба со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, а ќе ја посети и Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН во Скопје.
Наредниот ден делегацијата на Обединетите нации ќе ја посети Канцеларијата на UNDP во Скопје, а подоцна во владата ќе оствари средба со вицепремиерот, Владимир Пешевски.
Делегацијата на ОН во Центарот за управување со кризи ќе се сретне со раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и со директорот на ЦУК, Панде Лазаревски, а потоа ќе учествува на состанокот со претставници на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град