Делегација на македонското собрание на состанок на ОБСЕ во Грција

Делегација на македонското Собранието ќе учествува на есенските состаноци на Парламентарното Собрание (ПС) на ОБСЕ што се одржуваат од 9 до 11 октомври во Грција.

logo
лого

Делегација на македонското Собранието ќе учествува на есенските состаноци на Парламентарното Собрание (ПС) на ОБСЕ што се одржуваат од 9 до 11 октомври во Грција.

sostanokШеф на делегацијата е пратеникот Андреј Петров (СДСМ), кој ќе биде придружуван од пратениците, Владимир Ѓорчев (ВМРО-ДПМНЕ) и Хисен Џемаили (ДУИ).

Според најавите, на состаноците се очекува да учествуваат околу 200 парламентарци од 56 држави на ОБСЕ. Меѓу најавените говорници се претседателот на ПС на ОБСЕ, Жоа Соареш, како и други високи претставници на државниот врв на Грција, земја-претседавач со ОБСЕ.

Во рамките на есенското заседание на ПС на ОБСЕ ќе се одржи парламентарна конференција за “Енергетската безбедност и животната средина”, медитерански форум и седница на Постојаниот комитет на Собранието со шефовите на националните делегации во ПС на ОБСЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top