Делегација од ГШ на Француската армија во посета на Македонија

Делегација од Генералштабот на Француската армија, предводена од полковникот Жан Морен, претстојува во тридневна посета на Република Македонија.

vojnik
војник

Делегација од Генералштабот на Француската армија, предводена од полковникот Жан Морен, претстојува во тридневна посета на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, делегацијата придружувана од францускиот амбасадор во земјата Бернар Валеро и военото аташе при Амбасадата потполковник Ален Жилија, денеска ќе биде примена од министерот за одбрана Зоран Коњановски и од началникот на Генералштабот генерал-потполковник Мирослав Стојановски.

generaliСогласно Договорот потпишан во 1996 помеѓу министерствата за одбрана на двете земји, предвидено е утре да се одржи 12-та Мешовита комисија во врска со билатералната соработка во одбраната, на која ќе се направи биланс на активностите од 2008 година и ќе биде претставен планот за оваа година. Во рамки на состанокот македонската страна ќе го презентира ангажманот на своите сили во мисиите во странство, а Франција ќе направи експозе на франацуско-британската иницијатива за возобновување на хеликоптерскиот парк. Претставниците на францускиот Генералштаб ќе ги посетат Полкот за специјални операции и Воздухопловниот ВИНГ.

Потврда за важноста која Македонија ја посветува на одбранбената соработка со Франција е и најавата за отварањет по прв пат воено аташе на Република Македонија во Париз на која позиција ќе биде наименуван потполковникот Енвер Јакупи, што, според МО ќе претставува дополнителен импулс за зацврстување на односите и довербата помеѓу двете земји.
Планот за соработка за 2009 година, кој треба да го потпишат шефовите на делегациите на двете земји, содржи 21 активност. Покрај обуките, размената на искуства и средбите со политичко-воено значење, приоритет им се дава на размените од оперативен карактер, особено во областа на воздухопловството.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top