Вокалот и гитарист на ексјугословенскиот бенд од новиот бран „Хаустор“ Дарко Рундек вечер со своето „Карго трио“ ќе настапи на вториот концерт на годинашниот ОФФест.
Вокалот и гитарист на ексјугословенскиот бенд од новиот бран „Хаустор“ Дарко Рундек вечер со своето „Карго трио“ ќе настапи на вториот концерт на годинашниот ОФФест.
Хрватскиот музичар и театарски уметник и двајцата други членови на Карго – Изабел и Душан Враниќ, ќе свират стар и нов материјал од богатиот репертоар.
Предводникот на „Хаустор“ за време на војната на просторите на СФРЈ во Париз го основаше ансамблот „Карго оркестар“, со музичари од Хрватска, Босна, Швајцарија и од Франција. Двата албума „Руке“ (2004) и „Mhm A-Ha Oh Yeah Da-Da“ (2006) им обезбедија настапи во Португалија, Франција, Велика Британија, Германија, Данска, Чешка, Австрија, Италија и во земјите на поранешна Југославија.
– Поетичните песни на Рундек се вклопуваат во една музичка традиција со потенцијал за прифаќање на различни влијанија, пред се од Балканот, Централна Европа и од Медитеранот, но и од регето, јужноамериканската, источната, електронската, африканската музика…, соопштија организаторите на ОФФест.
По настапот на Рундек и „Карго трио“, во Универзалната сала ќе гостува и аргентискиот мултиинструменталист Даниел Мелинго, пејач и композитор со рок и танго бекграунд. Во 1980-тите тој бил сеприсутен на аргентинската рок-сцена, но во новиот милениум се преобразил во танго уметник и почнал успешна кариера што резултира со неговиот прв танго албум „Tangos Bajos“.
Со својот карактеристичен третман на тангото, надополнет со театарски перформанс, Мелинго стекнал репутација на врвна светска атракција.
– Албумот „Maldito tango“ од 2007 година на Мелинго му донесе фантастични критики и статус на „човек кој направи тангото да звучи сериозно кул“, велат од ОФФест.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град