Неверојатно голем цунами бран, кој ќе следи по земјотресот од 7,3 степени според Рихтеровата скала ќе ги „зафати“ Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово. Сето ова ќе се случи на 30-ти март во рамките на виртуелната интернет вежба на Центарот за истражување на универзитетот во Сад Диего.
Виртуелниот земјотрес во Јадранското море, после кој ќе следи и разорно џунами ќе се случи на 30-ти март во 04:02 часот, ќе ги зафати сите екс-југосоловенски републики, освен Словенија и ќе усмрти десетина илјади луѓе, а зад себе ќе остави хаос и голема материјална штета.
Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за „несолена првоаприлска шега“, станува збор за интернет вежба на Центарот за истражување на државниот универзитет во Сан Диего
Вежбата наречена „X24 Europa“, ќе се спроведе за да се истражи моќта на социјалните медиуми и користење на ресурсите на интернет заедницата за време на изведувањето на операцијата за ублажување на последиците од катастрофи.
Таквата симулирана катастрофа, во која е вклучен и најголемото цунами во ова подрачје, во виртуелниот свет ќе трае повеќе од шест месеци.
Потполното сценарио на вежбата и виртуелната ситуација која ќе се одвива после катастрофата е објавено на интернет страницата x24.eushare.org. Така, само минута после земјотресот, преку Twitter, Facebook, e-mail и sms ќе стигаат пораки дека се прекинати сите комуникации со јадранските градови во регионот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град