Цукалис: Можно решение „Нова Македонија“ или „Помлада Македонија“

Јас не би очекувал каква било било промена на грчките позиции за главните прашања, можеби единствено се наѕира можност за компромис во прашањето за името на Поранешна Југословенска Република Македонија

 |  Маја Савиќ  | 
mk-grcija
мк-грција

CukalisЈас не би очекувал каква било било промена на грчките позиции за главните прашања, можеби единствено се наѕира можност за компромис во прашањето за името на Поранешна Југословенска Република Македонија

Можеме да се договориме со помош на некое име од типот „Нова Македонија“ или „Помлада Македонија“, изјави Лукас Цукалис, претседател на Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и Специјален советник на претседателот на Европската комисија во интервјуто за чешкиот весник „Хосподарске Новини“ на прашањето како ослабената позиција на Грција во меѓународните односи ќе влијае на одбраната на традиционални интереси во прашањата како што е спорот околу името на Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Цукалис смета дека последните средби на грчкиот премиер Јоргос Папандреу со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на СА, Барак Обама покажуваат дека Грција не е слаба, маргинализирана земја која нема значење во меѓународните односи.

– Европскиот монетарен фонд не е нешто што ќе ни е достапно утре, но убеден сум дека во некоја фаза ќе ни биде потребен. Во монетарната унија ни треба некој механизам за условна помош во кризни ситуации. Го нагласувам зборот, условна помош. За да биде правилно основан Европскиот монетарен фонд според мене ќе биде предизвикана ревизија на европскиот Договор. А тоа не е лесно и нема да биде утре. Во овие моменти ни остануваат „ад хок“ решенија, додава Цукалис.

Цукалис судејќи по анкетите на јавното мислење смета дека повеќето од грчката популација ги поддржува мерките кои ги презема грчката Влада за излез од економската криза. Тој проценува дека штрајковите и демонстрациите во Грција ќе продолжат, но според неговото мислење понатамошните настани ќе зависат од длабочината на економската рецесија која ќе ја зафати Грција.

– Демагозите и популистите кои се подготвени да ја искористат секоја можност постојат во секоја земја. Имаше доста напади на Германија во Грција и на Грција во Германија, но јас не мислам дека тоа ќе отиде некаде подалеку. Се виде тоа и во минатото дека секогаш исчезнува. Голем број од грчките политичари се одговорни луѓе и нема да учествуват во оваа игра, додава Цукалис за меѓусебните обвинувања меѓу грчките и германските политичари и медиуми за тоа кој е виновен за кризата во Грција.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top